Над 1000 патници во повеќе од 60 градови од целиот свет учествуваа за Денот без панталони во метро и ја соблекоа долната облека во подземна железница.
Оваа необична традиција започнала во 2002 година како шега на неколку пријатели од Њујорк. Целта била месецот јануари да го направат поинтересен.
Денес на оваа манифестација, покрај њујорчани учествуваат и жители од Берлин, Прага и Москва.
Во Лондон учесниците добиле предупредување од организаторите да не претеруваат во соблекувањето. Сите кои, покрај панталоните ќе се соблечат целсно голи, ќе бидат отстранети и пријавени во полиција.
Ова организаторите го наведеле на официјалната Фејсбук страница.
Текстот (Фото) 1000 патници се соблекоа во метро е превземен од Reporter.mk.