Младата Парагвајка Ана Паула Кеспедес е најубавиот пилот на светот. Таа минатата година беше прогласена за мис на својата земја, а сега се пофали и со дозволата за пилот.
Ана има само 21 година, а доаѓа од местото Асунсион, главниот град на Парагвај. За себе вели дека ги остварила своите сништа кога е во прашање индустријата на убавина. Сега ја оствари и нејзината желба за летање.
Ана станала пилот како и нејзиниот татко, од кого ја наследила љубовта за височините.
„Летањето е најдобар начин да го почувствувате мирот и да сонувате со отворени очи. Можете да ги оставите грижите на страна и да го ослободите вашиот ум“, вели Ана.
Текстот (Фото) Ана е најубавиот пилот во светот е превземен од Reporter.mk.