Воен теретен авион „Боинг 707“, утрово заврши во куќа во Техеран откако претходно бил принуден да слета поради лошите временски услови. Во авионот во кој се срушил имало 16 лица. Петнаесет од нив загинале, а само еден успеал да ја преживее несреќата.
Станува збор за инженер кој веднаш бил префрлен во блиската болница, навела иранската војска, а пренесува агенциите „Фарс“ и „Ројтерс“. „Боингот 707“ пренесувал месо од Бишкек во Кригистан, а бил принуден да слета поради лошите временски услови на аеродромот „Фат“, во близина на градот Караџ во Иран, западно од Техеран.
Претходно агенцијата „Раша тудеј“ пренела дека во леталото имало 10 членови на екипажот и дека авионот паднал на оградата покрај пистата. Агенцијата „Фарс“ на социјалните мрежи објавија и фотографии од местото на несреќата. Медиумите пренесуваат дека авионот веднаш по падот се запалил и дека спасувачките екипи веднаш биле испратени на местото на локацијата.
Текстот (Фото) Авион се заби во куќа во Техеран е превземен од Reporter.mk.