Австралијката Дина се здобила со тешки повреди откако била нападната од кенгур, пишуваат светските медиуми. Таа вели дека морала да глуми дека е мртва за животното ја остави на мир.
Кенгурот ја нападнал додека го шетала кучето низ градот Водонга, кој се наоѓа во австралиската држава Викторија. Таа вели дека кенгурот ја нападнал откако го извлекла кучето од една дупка.
„Се обидов да го смирам моето куче и да го извадам од дупката, но не помислив дека во неа се крие кенгур кој беше висок три метри“, изјавила Дина.
Животното ја нападнал жената и ја бутнал на земја. Почнал да ја удира и да скока врз неа. Дина одлучила да се преправа дека е мртва за да го измами. На крајот успеала, но се здобила со бројни повреди по лицето, рацете и нозете. Таа зарабтила 25 конци на лицето и речиси останала без едното око.
Текстот (Фото) Австралијка глумела дека е мртва за да се спаси од кенгур е превземен од Reporter.mk.