(Фото) Австралиска водителка продолжи со модниот тренд „пенис јакна“

Австралиската водителка Саманта Хитвуд поради нејзиниот начин на облекување предизвика лавина коментари и исмевања од страна на обожавателите на социјалните мрежи.

Гледачите не можеле, а да не го забележат нејзиниот отворен дел околу вратот и градите, кој имал форма на пенис.

„Пенис јакна“ повторно се врати во мода. Дали треба да се преправаме дека гледаме ракета? Гарантирам дека повеќе нема да облечат вакво нешто кога ќе видат како изгледаат“, гласеле некои од коментарите на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Редит“.

Ова не е прв случај со водителките на телевизиите во Австралија. Од 2015 година веќе се забележани вакви трендови со неколку колешки на Саманта.

Ваквиот тренд прва го започнала Натарша Белинг, која на телевизиските екрани се појавила во сличен костим, кој веднаш предизвикал исмевање кај обожавателите за нејзиното модно промашување.

 

Текстот (Фото) Австралиска водителка продолжи со модниот тренд „пенис јакна“ е превземен од Reporter.mk.