Додека Америка во изминатите неколку дена се соочува со големи нереди поттикнати од бруталната смрт на Џорџ Флојд, група на луѓе на социјалните мрежи почнаа да се исмеваат со смртта на Афроамериканецот и овој немил настан. На интернет почна да се шири таканаречен „Џорџ Флојд предизвик“.
Предизвикот е да се објави фотографија или снимка на една личност, како лежи со рацете на грб, додека друга со коленото го притиска за вратот.
Фотографиите набрзо се раширија на „Твитер“, каде добија лавина на негативни коментари.
„Како не ви е срам, на кого му падна воопшто на памет да почне со ваков ужасен тренд?“, бил само еден од многуте коментари.
Предизвикот се најде во очите на јавноста, кога тројца тинејџери од Обединетото Кралство, биле уапсени под сомнение дека сториле злостор од омраза, пренесува „Њујорк пост“.
„Инстаграм“ и „Фејсбук“ од тогаш забранија користење на таков хаштаг, но тој и понатаму е присутен на „ТикТок“, каде луѓето и понатаму ги објавуваат своите верзии од предизвикот.
Текстот (Фото) Британци се исмеваат со смртта на Џорџ Флојд е превземен од Reporter.mk.