Децата на богаташите често се фалат во групите на социјалните мрежи, исклучиво наменети за нив, со луксузните подароци што ги добиваат од своите родители.
Тие своето богатство и луксузот што можат да си го дозволат најчесто ги објавуваат на „Инстаграм“. Оваа година некои од нив позираат раскошно пред украсените елки и ги покажуваат подароците под елката.
Некои добиле нова брендирана чанта, а некои ново „порше“. Некои се снимиле како излегуваат од приватни авиони, а други објавиле семејни фотографии од раскошните куќи за време на празниците.
Некои од децата на богатите ужуваат на скијање, а на социјалните мрежи се најде и фотографија од еден Германец кој својата елката место со лампиони ја накитил со евра.
Текстот (Фото) Децата на богати родители се пофалија со подароците е превземен од Reporter.mk.