(Фото) Дортмунд ја има највисоката елка во Германија со 48.000 лампи

Како секоја година така и оваа голем број од градските власти низ светот се потрудија во центарот на светските метрополи да постават големи новогодишни украсени елки, кои стануваат центар на нивните празнични збиднувања.

Големите градови ширум светот за време на новогодишните пранзици ги красат разнобојни украси и лампи. Во голем број места се организираат божиќни саеми, па така граѓаните и туристите уживаат во празничната магија.

Москва

Москва ја красат две елки за време на новогодишните празници. Едната е поставена на Црвениот плоштад, покрај ски-центарот и божиќниот саем. Тамошните жители и голем број туристи велат дека украсите се толку големи што им го одземаат здивот. Велат дека ги потсетува на сцена од бајка.

Втората елка е направена од голем број сијалици, па со својата конструкција исто така привлекува голем број туристи. Таа се наоѓа во близина на украинскиот Радисон Ројал хотел и зградата на руската влада во позадина.

Минск

Градските власти во Минск по повод престојните празници ги украсиле улиците и плоштадот. Луѓето во овој град секоја година можат да уживаат за време на новогодишните активности во главниот град на Белорусија.

Белград

Елката во главниот град на Белград е висока 18 метри, а оваа година улицата Кнез Михајлова е украсена со голем број на новогодишни украси.

Атина

Голем број Атињани сметаат дека плоштадот Синтагма центарот на градот предизвикал голема празнична магија. Покрај елката се наоѓаат и осветлени анѓелски крила, каде луѓето застануваат за да направат добра фотографија.

Покрај новогодишната елка во Атина, секоја година се собираат голем број на граѓани.

Скопје

И на плоштадот „Македонија“ во Скопје светна новогодишна елка. Осветлувањето беше дополнето со музичка програма, а настапија хоровите од средните училишта во град Скопје. Диригент на настанот беше Јасмина Беличанец. Освен елката, беа поставени и светилки на улица „Македонија“.

Уште во текот на минатиот месец градоначалникот Петре Шилегов го откажа дочекот на Новата година на плоштадот, а средствата беа планирани за организирање Градот ќе ги донира на Клиниката за белодробни заболувања.

Скопјани сепак ќе имаат пречек на Нова година со музичка програма, на плоштад Јадран, а во организација на Општина Центар.

Вилнус

Главниот град на Литванија оваа година е поскромно украсен во однос на претходните години. Сепак, што се однесува до украсувањето многумина мислат дека не заостанува многу зад другите европски и светски метрополи.

Голем број од коемнтарите под фотографиите објавени на социјалните мрежи пишуваат дека Литванците се најоригинални што се однесува до новогодишните украси.

Дортмунд

Медиумите пишуваат дека ова е најголемата елка во Германија и дека е висока 45 метри, а на неа се поставени 48.000 лампи.

Оваа година во германскиот град Дортмунд покрај елката е поставен божиќен саем, па туристите можат да уживаат во единствената празнична атмосфера.

Лос Анџелес

Новогодишната елка во Лос Анџелес го краси Гранд Парк. Таа е дел од поставката „Зимски сјај“, која е наменета за украсување на овој дел од градот по повод сезоната на престојните празници.

Рим

Новогодишната елка во Рим е висока 20 метри и е поставена на почетокот на декември, покрај споменикот на „Непознатиот војник“ во Рим.

Ватикан

Покрај базилката „Свети Петар“ во Ватикан, на почетокот на декември поставена е прекрасна новогодишна елка. До неа е направена сцена од раѓањето на Исус. Уметниците оваа слика ја направиле од песок.

На неа работеле неколку уметници од целиот свет. Околу 700 тони песок биле испорачани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Вашингтон

Во Вашингтон покрај Капитол Хил се наоѓа грандиозна новогодишна елка. Елката претставува вистинска атракција како за домашните граѓани, така и за бројните туристи.

Париз

Новогодишната елка во француската метропола е поставена во дворот на Јелисејската палата, резиденцијата на францускиот претседател во Париз.

Лондон

Оваа година и Англиските градски власти се потрудиле да го разубават новогодишно центарот на Лондон со елка и декорации.

Берлин

Новогодишната елка во Берлин се наоѓа пред замокот Белв во германската престолнина. Оваа година нејзиното издание е нешто поскромно во однос на претходните.

Загреб

Ни главниот град на Хрватска не заостанува зад другите европски и светски градови. Покрај новогодишната елка во центарот на Загреб, може да се забележат бројни празнични активности. Властите велат дека тоа најмногу ги радува туристите.

Концептот Адвента во Загреб, подразбира голем број на мали празнични трговски центри, кукички со иста боја, а новогодишното осветлување е едноставно и со боите и во раскошот.

Подгорица

Новогодишната елка во Подгорица е поставена во градската фонтана на Плоштадот на независноста. За многумина ваквата одлука била невообичаена, додека за други воопшто не им се допаднала. Околу елката е организиран новогодишен пазар, каде голем број на граѓани уживаат секоја вечер.

 

Текстот (Фото) Дортмунд ја има највисоката елка во Германија со 48.000 лампи е превземен од Reporter.mk.