Џиновски гради пловеа по каналите во Амстердам за Меѓународниот ден на жената. Оваа акција беше организирана со цел ,,да се прослави фактот дека градите се само гради”, објави организаторот 72andSunny Amsterdam. ,,Како носот на нашите лица, тие се само дел од нашето тело, дел што не прави жени”.
Од 72andSunny велат дека дошле на идејата за гигантски подвижни гради по истражувањето на агенцијата извршени меѓу 160 жени покажа дека огромното мнозинство – 78 отсто – од нив чувствувале срам поради нивните гради во некој период во нивните животи.
Ms. Hairy just on tour. #JustBoobs pic.twitter.com/sPUkY6vplk
— 72andSunny (@72andSunny) March 8, 2019
Креативната агенција смета дека е чудно што градите на некои жени им претставувата пробем. Затоа, екипата на жените од 72andSunny Амстердам создаде ,,разновидни гради”, кои беа оставени да пловат по каналите на холандскиот главен град, со цел да укажат дека овие делови на женското тело треба да се заштитат од срам и стигмата, малтретирање и цензура.
Текстот (Фото) Џиновски гради пловеа по каналите во Амстердам е превземен од Reporter.mk.