(Фото) Ибрахимовиќ лудо вљубен во својата 11 години постара сопруга Хелена
Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ вели дека е лудо вљубен во неговата сопруга Хелена Сегер, која е 11 години постара од него.
„Како тоа мислите жени? Јас сакам само една жена“, изјавил Ибрахимовиќ на прашањето на една новинарка која го прашала какви жени сака.
Единствената жена во која Швеѓанецот со балкански корени е заљубен е Хелена и таа нималку не наликува на класичните жени на фудбалери кои ги гледаме на модните ревии и по социјалните мрежи.
Хелена е родена на 25 август 1970 година во шведскиот град Линдесберг. И на своите 47 години, голем број од нејзините фанови и оние на нејзиниот сопруг, велат дека изгледа фантастично.
Хелена е успешна претприемачка и според многумина, таа е заслужна за одличните инвестиции на Ибрахимовиќ кои го направиле еден од најбогатите спортисти на светот.
Хелена е убава, паметна и не го сака премногу вниманието на јавноста. Таа вели дека не сака премногу да се фотографира за „Инстаграм“, не ги покажува скапите чанти и чевли, не се фотографира во скапи фустани и не објавува провокативни фотографии.
Хелена многупати може да се забележи како го поддржува својот сопруг Ибрахимовиќ на мечевите, како вистинска навивачка. Иако длабоко влегла во петтата деценија од животот, русокосата Швеѓанка и понатаму е една од причните, зошто повеќето од мажите му завидуваат на Ибрахимовиќ.