(Фото) Ја оженил девојка му на погреб

Триесет и петгодишниот Сју Шинан од Кина, се оженил со девојка му Јанг Лиу на нејзиниот погреб. Лиу починала од рак на дојката, а момчето сакало да ѝ ја исполни нејзината последна желба да му биде невеста и да ја покаже љубовта кон неа. Лиу била облечена во невестински фустан и опкружена со букет од 169 ружи.

За време на церемонијата Лиу пред присутните го кажал брачниот завет.

„Жено не се грижи за ништо. Остатокот од мојот живот ќе биде болен, но нема да се откажам“, изјавил Сју.

Јанг починала на 34 години, откако претходно пет години се борела со тешката болест. Сју седум дена пред да почине бил постојано покрај неа. На тој начин и ја испочитувал традицијата во Кина, велат пријателите и семејството.

„Јанг имаше операција и неколку хемотерапии, но никогаш не заплака. Секогаш беше насмеана. Ми кажа да не дозволам никој да не плаче на нејзиниот погреб. Се воздржав и јас да не заплачам, но кога ја видов за последен пат, не можев да издржам“, изјавил Сју.

Сју и Јанг биле заедно уште од факултет, а се запознале преку интернет. Работите почнале да се влошуваат на крајот на 2013 година, кога Јанг открила дека има рак на дојката.

 

 

Текстот (Фото) Ја оженил девојка му на погреб е превземен од Reporter.mk.