(Фото) Јапонија најголем победник на Мундијалот

Навивачите на Јапонија, кои доживеаја разочарување по поразот на нивната репрезентација од Белгија со 3:2, не се одвикнаа од убавите навики што ги красеа на Мундијалот во Русија.

На трибините тие доаѓаа со кеси кои потоа ги употребуваа за собирање смет од трибините и да испратат убава порака до сите.

Уште еднаш ги воодушевија гледачите од целиот свет, затоа што ретко кој би собрал сили за ваков потег по поразот кој нивните фудбалери го доживеаја во последните моменти од мечот.

 

Јапонците бea на работ на остварување на својот сон и подвиг откако направија водство од 2:0, но не успеаја да ја задржат предноста откако во последните моменти од мечот го примија и третиот гол од Белгија.