Кина испрати медицински персонал и опрема да им помогне на Италијаните во битката со коронавирусот. Екипа на кинески експерти и санитетски материјал со „чартер лет“ во четвртокот полета од Шангај за Рим, во мисија за да помогне во борбата против пандемијата.
„Во авионот Airbu А350 China East Airlines, се качија девет медицински експерти и беа товарени 31 тони санитетски материјал,медицинска заштитна опрема и противирусни лекови“, изјави Генг Шуанг, портпаролот од кинеското министерство за надворешни работи, пренесе China Daily.
Кина од избивањето на пандемијата COVID-19 е во постојан контакт со европските земји и со нив блиско соработува, додава Генг.
Болницата во Шангај, „Рујин“, за само 24 часа собра повеќе од 230 кутии медицински средства од кинеските производители на медицинска опрема. Целата таа опрема беше доставена во Италија.
Опремата од болницата „Рујин“ вклучува и респиратори, монитори и дефибрилатори и сите содржат прирачник на англиски јазик и италијански адаптери.
Текстот (Фото) Кина испрати медицински персонал и опрема да им помогне на Италијанците со коронавирусот е превземен од Reporter.mk.