Затворската ќелија во која Ал Капоне, еден од најозлогласените гангстери на светот, ја отслужувал својата казна во Алкатраз во 1930те години, не е променета воопшто откако тој бил ослободен. На „Твитер“ се појави слика од ќелијата во која имало дрвен плакар, фотелја, дури и тепих. „Ќелијата на големиот гангстер во источниот дел на затворот – иста е како кога Капоне живеел во неа“, стои на сликата.
Ал Капоне (1899-1947) е еден од основачите на мафијата во Чикаго. Тој е еден од најпознатите гангстери и бизнисмени, кој славата и моќта ги стекнал во времето на прохибицијата во дваесетите години на 20 век. На 14 февруари 1929 година, го направил најверојатно најголемиот масакр во историјата на американското подземје. Тој со членовите на својот клан ги убил скоро сите припадници на спротивставените гангстерски групи. И покрај бројните кривични дела и убиства, полицијата го уапси за затајување данок.
Капоне беше одведен во Алкатраз, каде што служел казна од 1931 до 1939 година. Тој не ги отслужил сите 11 години од казната, туку бил ослободен 3 години порано. Гангстерот починал на 25 јануари 1947 година од мозочен удар.
Текстот (Фото) Ќелијата на Ал Капоне во Алкатраз и денес е иста како пред скоро 80 години е превземен од Reporter.mk.