(Фото) Крави ја окупираа една од најскапите плажи во Грција

Светски познатата плажа на Миконос Кало Илвади неодамна имала неочекувани гости, кои не се грижеле премногу за прескапите лежалки.

Стадото крави се појавило на плажата Миконос, а освен што влегле во водата, тие неколку пати се прошетале и по плажата.

Најлогичното објаснување е дека кравите побегнале од селото над плажата, па во потрага по вода, стигнале до плажата.

Туристите велат дека биле пријателски расположени и не правеле никакви проблеми.

 

Текстот (Фото) Крави ја окупираа една од најскапите плажи во Грција е превземен од Reporter.mk.