Заменик-министерот за живтона средина, Јани Макрадули вчера заспа среде јавната расправа за справување со енормното загадување.
Додека тој спиеше, градоначалникот на град Скопје, Петре Шлегов, играше игра на мобилен и тоа баш додека говор држеше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Откако сликите со заспаниот Макрадули и разиграниот Шилегов излегоа во јавноста, Шилегов рече дека здодевен му бил Ѓорчев со говорот, па нашол начин да си помогне.
„Во собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува, него и неговите паушални говори мора да ги ‘надминете’ со помагала во форма на мобилен. Колку и непристојно да изгледа од страна“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.
Текстот (Фото) Макрадули папса, Шилегов брка рекорд е превземен од Reporter.mk.