(Фото) Мис бум бум го скина дресот на Меси за да го облече на Бекам

Бразилката Сузи Кортерз, која победи на натпреварот за најубав задник во Бразил во 2019 година, повеќе не го носи дресот на аргентинскиот фудбалер на Барселона, Лионел Меси. Таа го соблече дресот на каталонецот, за да го облече дресот на Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Кортез беше позната како жестока навивачка на Барселона и Меси. Таа минатата година на задникот го тетовираше неговото презиме, но фудбалерот кој е оженет и има три деца, тоа не го возбуди премногу, пишуваа медиумите.

Потоа Кортез го тетовираше лицето на Меси, на нејзиниот стомак, а сега изгледа дека се откажала од него. Откако многупати беше фотографирана во дресот со број 10, кој го носи Меси, сега таа го замени и на себе го облече дресот на Бекам со бројот 23.

„Сите знаат дека го сакам фудбалот, а сега во градот Мајами го имаат најдобриот тим во лигата. Кога ќе дојдам во Америка, сигурно ќе го посетам стадионот, а се надевам дека ќе го видам прекрасниот парк во Мајами“, изјавила Сузи.

Кортез на „Инстаграм“ ја следат повеќе од два милиони луѓе, а таа секојдневно сервира провокативни фотографии.

 

Текстот (Фото) Мис бум бум го скина дресот на Меси за да го облече на Бекам е превземен од Reporter.mk.