Некои од најневообичаените ајкули во светот се на работ на истребување, поради заканите од типот на комерцијално риболовење, велат научниците, пишува BBC News.
Ајкулата која ја користи својата опашка за да го улови пленот е ставена на листата на 50 најзагрозени видови. Научниците велат дека овој вид на ајкули има лош имиџ кај луѓето и тие не разбираат колку се важни за морскиот живот во океаните.
Губењето на еден од овие живи фосили, ќе избрише милиони години од еволутивната историја.
„Најголемиот мит за ајкулите е перцепцијата дека тие се опасни. Дека се човекојадни машини. Но, тоа не е така“, изјавила биологот Фран Кабада за BBC News.
„Имало некои негативни интеракции кои се снимени, но тие се многу ретки и не се намерни“, веи Кабада.
Ова е прв пат ајкулите и химерите (риби кои имаат р’скавица на коските) бидат проценети како загрозени видови од страна на фондот Evolutionarily Distinct and Globally Endangered.
Повеќето од овие видови на ајкули се наоѓаат на врвот на синџирот на исхрана, што ги прави критични за здравјето на океанот. Ако се изгубат тоа ќе биде голем удар за популацијата на останатите риби, а во крајна линија и за човековата егзистенција.
„Тие имаат многу нал број на роднини на дрвото на животот, па оттука претставуваат многу уникатни видови, нешто што би претставувало голема загуба ако изумрат“, вели Кабада.
Проценката покажала дека главен виновник за големиот пад на овој морски свет е риболовот, заедно со загубата на живеалиштата, деградацијата на мангровата шума, загадувањето на водата, патувањата и друго.
„Ајкулите кои се на листата на истребување се едни од најинтересните и уникатни риби кои ги имаме на оваа планета“, изјавил доктор Метју Голок.
Ова се некои од видовите на ајкули кои се ставени на листата на исчезнување:
Текстот (Фото) Најчудните ајкули во светот на работ на изумрување е превземен од Reporter.mk.