(ФОТО) Најгрдата невеста стана убава и згодна

Кога пред седум години оваа Русинка се омажи, фотографиите од венчавката брзо се проширија на социјалните медиуми и целиот свет се шегуваше со нејзиниот изглед.

Таа беше нарекувана „најгрда невеста во светот“, поради што парот целосно се повлече во предградие на Москва.

Поминаа неколку години од тогаш, а еден руски новинар во потрага по сторија решил да ја побара и да види како сега изгледа оваа Русинка.

Кога ја сретнал „најгрдата невеста“ не можел да поверува дека таа целосно го променила својот изглед. Па дури и станала убава.

За неколку години успеала да ослаби користејќи ригорозни диети, вежбање и липосукција, а за подобрување на својот изглед направила и неколку естетски интервенции, како надградба на коса, силикони и затегнување на лицето.

Текстот (ФОТО) Најгрдата невеста стана убава и згодна е превземен од Reporter.mk.