На шест години, девојчето со сини очи Тајлин Блонди (17) е прогласено за најубавото на светот. Многумина и предвидуваа блескава модна кариера и прошетки на пистите за најпознатите светски дизајнери. Тајлен пред неколку дена е снимена како ужива со пријателите на плажа во Сан Тропе, а титулата која ја добила како девојче и денес гордо ја носи. Таа е преубава девојка која мами воздишки кај мажите ширум светот. На Инстаграм ја следат 2,3 милиони луѓе.
Сега само усните се тие кои што потсетуваат на некогашното девојче. Французинката на 4 години за прв пат зачекори на пистата, на ревијата на славнииот Жан Пол Готје, а кога наполни 10 години се сликаше за едиторијалот „Вог“. Тогаш нејзиното име се појави во сите водечки таблоиди ширум светот.
Од тогаш, Тајлин продолжува со нејзината блескава манекенска кариера. Ја застапува американската агенција за таленти WME. Минатата година два пати одела на пистата носејќи ги моделите на Долче и Габана. Исто така е амбасадор на Лореал и изгради импресивен профил на Инстаграм на кој ја следат 2,2 милиони луѓе.
На Инстаграм редовно објавува форогорафии од снимањата со пријателите и семејството. Учествувала на снимањето за Вог кога имала само шест години, што предизвикало загриженост во јавноста поради користењето на децата како модел.
Нејзиното слиикање за Вог исто така претрпело бројни критики затоа што многумина изјавиле дека таа на тие слики изгледала како сексуален објект.
Изгледа дека титулата најубаво девојче на светот донела многу позитивни работи, а оваа млада Французинка и ден денес може да ја добие титулата најубава тинејџерка на светот.
Да потсетиме, нејзините познати родители, фудбалерот Патрик Блонди и актерката Вероника Лоуби, ја внесоа во овој свет уште од мали нозе.
Текстот (Фото) Најубавото девојче на светот продолжува да чекори по модните писти е превземен од Reporter.mk.