На вчерашниот меч од 5. коло во групната фаза во Лига на шампиони, навивачктие групи меѓу АЕК и Ајакс, влегоа во конфликт. Од двете страни биле фрлани бакли, а во еден момент навивачите на АЕК фрлиле и молотов коктел кон холандските навивачи. За среќа заштитната ограда ја ублажила експлозијата и избегнати се жртви.
На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа големиот број на претепани и раскрварени фанови. Инцидентот добил уште повеќе на тежина затоа што се случил на официјален меч кој бил организиран во рамки на УЕФА.
Останува да се види дали УЕФА ќе биде толерантна на политичките пароли, баклите и пиротехниката и ќе се заврши со поблаги казни, или овој ицндент ќе биде соодветно разрешен.
Како отежнувачка околност за двете страни во евентуалниот процес кој веројатно ќе биде отворен, е тоа што уште еден инцидент се случи ден претходно, во кој навивачи на Ајакс влегле во простории на навивачите на АЕК, каде дошло до жестоки тепачки.
Текстот (Фото) Навивачи на АЕК фрлиле молотов коктел на фановите на Ајакс е превземен од Reporter.mk.