Русија во периодот на деведесеттите години своето богатство штого чувале во планините и брдата на Кавказ го префрлила во Москва. За префрлањето на богатството ангажирале српска компанија која имала за задача да изгради трезор во кој ќе се чува богатството на некогашниот СССР.
Главниот трезор на централната банка на Руската Федерација е една од подобро чуваните градежни градби во светот. Трезорот не може да биде пробиен ниту со најсовремени балистички ракети. 100 000 квадратни метри и 4 чата под земја биле предизвик на кој најдобро одговорила српската компанија што го градела.
На тендерот учествувале 17 компании од целиот свет, а Драгомир Кариќ открива дека неговата компанија БК понудила најдобра понуда која ги воодушевила Русите.
„Неколку години пред изградбата на трезорот, компанијата на Кариќ ја изградила управната зграда на Централната банка на Русија, која се наоѓа преку патот Кремљ. Тоа била првата паметна зграда на светот и целосно е компјутеризирана. Со тоа докажавме дека ја заслуживме довербата за изградба на трезорот. Ги воодушевивме Русите со идејното решение какво што никој не понуди. Очекуваа од нас да изградиме типична комунистичка зграда, а ние дизајниравме зграда што изгледа како хотел со 7 ѕвездички, со фонтани, цвеќиња и панорамски стаклени лифтови“, вели Драгомир Кариќ.
Но, она што било пресудно е најмодерната опрема. Изградбата на целиот објект чинела повеќе од милијарда долари, а околу 300 милиони се вложени во најмодерна опрема.
„Не бевме најевтини, но на нив им беше најважно да изберат најдобра понуда. Им понудивме најмодерна опера и најквалитетни материјали кои ги донесовме од 17 различни држави. Користевме најдобри материјали од целиот свет. Понудивме три вида заштита од пожари, хелиодром на кровот, а посебно сум горд што безбедносната опрема е правена во нашиот роден град во Пеќ“, вели Драгомир.
Тогашниот претседател на Централната банка на Русија, Виктор Владимировиќ Герашченко, имал посебна врска со Србите и Србија, затоа што неговиот татко учествувал во ослободувањето на Белград.
„Русите не беа премногу загрижени поради фактот што во тој период СР Југославија била под санкции. Тие инсистирале нашата компанија да го изгради трезорот. Во тоа време еден таков проект бил еден од најзначајните за самата компанија, но и за целата земја. На градилиштата ширум Русија работеле околу 30 000 градежници од Србија, а само во Москва ги имало преку 2 000. Во доцните 90-ти години од минатиот век овие средства значеле многу за речиси над 1 000 српски семејства. Притоа нашата компанија ангажирала фирми од целиот простор на цела поранешна Југославија“, вели Драгомир.
Компанијата, но и сите кои работеле на строгодоверливиот проект минале низ проверка на руските безбедносни служби. Главниот проект го работеле со Зоран Кариќ и Владан Јевтиќ.
„Сите потпишавме договор за тајност што важел 10 години и според који не смеевме да издаваме тајни за дизајнот и целиот проект. Беше строго забрането снимањето и фотографирањето, а овие фотографии се ексклузивни“, вели Драгомир.
Зградата е завршена во 1999 година, по две години непрекината работа. Се работело 24 часа дневно во три смени. Потребни биле голем труд и знаење за да се изградат 100 000 квадратни метри непробојна арматура каква до тогаш не била користена. Посебен предизвик биле четирите ката направени во земјата, каде што се чувале парите, златото, но и дијамантите.
Просториите на трезорот се работеле како кутија во кутија, со двојни ѕидови и меѓукатни плочи, меѓу кои е вклучено и ласерско надгледување. Трезорите имаат три степена на најсовремена електронска заштита, а со тоа и физичка заштита и трезорска врата како оние во американските филмови, кои се апсолутно неосвоиви.
Текстот (Фото) Непробојниот трезор на Путин, место каде штто се чува руското богатство е превземен од Reporter.mk.