Во 2020 година во руската република Татарстан ќе се почне со комерцијално производство на возилата aurus senat, лимузината со која се вози рускиот претседател, Владимир Путин.
Конечната цена ќе зависи од пакетот на избраната опрема. Производителот вели дека во 2020 година ќе се почне со продажба на првите примероци на луксузната лимузина.
„Секој кој ќе посака да ја има во својот возен парк, ќе мора да плати најмалку 160 000 американски долари. Возилата ќе се произведуваат во специјалната економска зона ‘Алабуг’. Производителот ќе обезбеди капацитет за производство на околу 5000 примероци годишно. Проектот ‘Котеж’ во наредните пет години ќе чини 190 милиони долари“, вели Денис Мунтуров, министерот за трговија на Руската Федерација.
Овој тип возило е создадено како дел од проектот „Котеж“, чија цел е да ја поттикне домашната автомобилска индустрија и да ги инвестира парите на руските даночни обврзници во домашно производство и во развој на претседателскиот автомобил.
Лимузината aurus senat во моментов се произведува во Централниот научен институт за автомобилизам и мотори и тоа во ограничена серија од 250 парчиња, главно модификувани верзии за државните официјални лица.
Ова возило ќе се произведува во две верзии, „лимузина“ и „сенат“, а во план е и „офроуд“ верзија која е наречена aurus komandant, чија комерцијална продажба би требало да почне во 2021 година.
Светската премиера на новата лимузина на Путин беше на 7 мај годинава, кога претседателот Путин положи заклетва по убедливата победа на изборите.
Лимузината во целост е оклопена и може да издржи напад на рачен ракетен фрлач. Кабината и внатрешноста се направени во комбинација на дрво, кожа и брусен метал, што само придонесува за луксузот. Од модерниот систем за безбедност, возилото има адаптивен темпомат, предупредување на мров агол, автоматски сопирачки во случај на опасност, систем за препознавање знаци и пешаци.
Име: „aurus senat“
Тип: Лимузина со четири врати
Распоред: четири тркала, моторот е од напред
Мотор: турбобензинец, волумен 4,4 литри V8
Пренос: девет брзина, автоматик
Должина: 662 милиметри
Ширина: 202 милиметри
Висина: 169.5 милиметри
Тежина: 2700 килограми (празен), 6200 килограми (оклопен)
Текстот (Фото) Од 2020 година ќе се продава типот лимузина со која го возат Путин е превземен од Reporter.mk.