Четириесет килограми пластични кеси биле пронајдени во труп на кит пронајден во близина на Филипините. Одговорните во Природонаучниот музеј на Филипините велат дека животното било преполно со пластика и дека до тој момент не било регистрирано толку многу ѓубре во стомакот на еден цицач.
Биле пронајдени 16 кеси од ориз и многу други видови пластични ќеси. Според извештајот на еколошката кампања за зачувување на океанот и центарот за бизнис и животна средина „Мек Кинси“, проценето е дека околу 60% од отпадот и пластичното ѓубре од Кина, Индонезија, Филипините, Виетнам и Тајланд завршуваат во океанот.
Работниците од Природонаучниот музеј на Филипините велат дека и на почетокот на март успеале да извлечат еден филипински кит со многу ѓубре во себе. Во јуни минатата година на Тајланд бил пронајден труп на кит со 80 пластични кеси во него.
Текстот (Фото) Од стомак на кит извадени 40 килограми пластични кеси е превземен од Reporter.mk.