Џиџи и Бела Хадид со години важат за едни од најбараните манекенки во светот, а нивните постари полусестри, Алана и Мариел, иако се во светот на модата, се неугледни, пишуваат израелските медиуми. Тие неодамна беа фотографирани на плажа, па освен од медиумите, добија критики и на социјалните мрежи, бидејќи на своите инстаграм-профили секогаш изгледаат совршено. „Како сестрите на Пепелашка“, стои во еден од коментарите.
Двете жени имаат сопствен моден бизнис и никогаш не се пред камерите како Бела и Џиџи. Алана е стилист и има своја модна колекција, а дизајнирала и футроли за телефони во соработка со американскиот бренд Fifth and Nineth. Таа е основач и креативен директор на брендовите Current Moji, Hadid Eyewear и La Detresse. Мариел е најстарата сестра Хадид. Таа со Алана е ко-основач на брендот Hadid Eyewear.
Четирите девојки се полусестри, а имаат ист татко, Мохамед Хадид.
Текстот (Фото) Постарите сестри на Џиџи и Бела Хадид како сестрите на Пепелашка е превземен од Reporter.mk.