Денес во Америка се слави „Црн петок“ Black Friday, денот кога во Америка сите најголеми трговски ланци нудат огромни попусти.
„Црн петок“ се одржува еднаш годишно и на овој ден продавниците даваат огромни попусти на робата.
За многумина ваквиот ден е само маркетиншко подметување. Сепак стотина илјадници фанатични потрошувачи цела ноќ во редовите чекаат да влезат во продавниците и да купат од поевтините производи.
Во голем број случаи доаѓа до масовна хистерија и бесни тепачки.
Прва жртва на црниот петок во САД
Инцидент се случи во еден тргоски центар во Алабама, во кој полицијата морала да интервенира. Во акцијата бил убиен маж, кој претходно ранил 18 годишно момче и 12 годишно девојче.
Како што јавува NBC Njuz, во најголемиот трговски центар во американскиот град Бирмингем, за време на големата распродажба, дошло до конфликт меѓу купувачите. Еден маж извадил пиштол и почнал да пука во момчето со кое се нашол во конфликт.
Shooting in #Alabama mall during Black Friday shopping sprees
https://t.co/BR3HYXnTyK pic.twitter.com/1tj9AhJ800— Yeni Şafak English (@yenisafakEN) November 23, 2018
Текстот (Фото) Продавниците под опсада, купувачите цела вечер чекаат во ред е превземен од Reporter.mk.