(Фото) Само еден навивач на мечот Валенсија и Аталанта

За време на фудбалскиот натпревар во Лигата на шампиони меѓу Валенсија и Аталанта на стадионот „Месталја“ имаше само еден навивач.

Станува збор за Висенте Наваро Апарисио, кој, почнувајќи од 1960-тите, ги гледал сите натпревари на Валенсија од истото место на централната трибина: ред 15, седиште 164.

Откако почина пред три години, клубот лани му се одолжи за верноста со бронзена статуа, со што ова место засекогаш ќе биде зафатено од него.

Тој продолжил да доаѓа на стадион и откако го изгубил видот на 54-годишна возраст, при што неговиот син му опишувал што се случува на теренот.

Имајќи предвид дека стадионот беше затворен за гледачи поради коронавирусот, Апарасио остана осамен на трибините.

Текстот (Фото) Само еден навивач на мечот Валенсија и Аталанта е превземен од Reporter.mk.