Свештеникот Жан Марк Фурније и капетан на париската противпожарна бригада успеал да спаси две непроценливи реликвии, сакраментот Свети Христов и круната на Исус, од пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз.
Отецот Фурније, кој во ноември месец во 2015 годна бил тешко ранет во терористичките напади во Париз, сега бил прогласен за херој, откако успеал да ги спаси непроценливите реликвии од огнената стихија што ја зафати катедралата во француската метропола.
Постоела опасност овие две непроценливи верски артефакти да исчезнат во пожарот што проголта голем дел од Нотр Дам, велат официјалните лица.
„Отецот Фурније е апсолутен херој! Не покажа страв кога влезе во катедралата. Тргна право кон реликвиите и се погрижи да бидат спасени. Тој храбро се соочи со смртта, не плашејќи се од ништо“, изјавил еден службеник од спасувачките француски тимови.
Фурнија во 2015 година, по масакрот што го изведоа терористите во концертната сала „Батаклан“, немил настан во кој настрадаа 89 лица, бил на служба на францускиот народ, како поддршка за ранетите и семејствата на настраданите.
Свештеникот учествувал и во мировна мисија во Авганистан. Во 2004 година успеал да преживе заседа во која загинале десет војници. Католиците веруваат дека во круната од трња, која се наоѓала во Нотр Дам, биле и дел од гранките кои биле ставени на главата на Христос, пред неговото распнување на крст.
Пожарникарите во текот на целата ноќ работеле за да го стават пожарот под контрола, а утрото претставници на властите во Париз потврдиле дека зградата на катедралата е спасена.
Спасувачите во текот на акцијата формирале и човечки синџир за безбедно да ги пренесат вредните уметнички дела и артефактите од катедралата што горела.
Текстот (Фото) Свештеник успеал да спаси непроценливи реликвии од пожарот на Нотр Дам е превземен од Reporter.mk.