Самитот на претседателите на Русија и САД, Доналд Трамп и Владимир Путин, во Хелсинки се одржа ден по завршувањето на Светското првенство во фудбал. Една од неизбежните теми на состанокот беше фудбалот.
Трамп го пофали Путин за организацијата на мундијалот нарекувајќи го турнирот сјаен настан.
Претседателот на Русија за возврат на Трамп му подари нова топка од Светското првенство напоменувајќи му дека на мундијалот во 2026 година еден од домаќините би можеле да бидат и САД, покрај Мексико и Канада.
„Топката сега е на ваша страна“, изјавил Путин.
Трамп му одговорил дека подарокот ќе му го даде на својот син Барон.
„Држи Меланија“,Трамп ја фрлил топката кон сопругата, која седела во првиот ред.
Текстот (Фото) Трамп го фрли подарокот на Путин до Меланија е превземен од Reporter.mk.