Фотографот и уметник Алисон Џексон користи дублери за да ги имитира моментите од животите на славните лица. Ниту една нејзина фотографија не е автентична, а уметницата работи со луѓе кои многу наликуваат на славните личности за да го прикаже нивниот интимен живот.
Јавноста во Британија ја знае како мајстор за манипулирање со фотографиите на славните лица. Контроверзните портрети на војвотката Меган Маркл и принцот Хари, како и на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе бидат изложени во Лондон на 16 ноември.
Духовитиот приказ на војвотката од Корнвал, Камила, ја насмеа британската јавност, која сака да ѕирне во кралската интима, пренеува „Мирор“. Лажниот Хари на една фотографија ги крие своите приватни делови само со рака, а лажната кралица Елизабета II чита магазин додека чека ред во фризерски салон.
Освен кралското семејство, голема инспирација за Алисон се и американскиот претседател Доналд Трамп, старлетата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, кој неодамна го промени името во Ји.
Ниту една нејзина фотографија не е автентична. Со лажните фотографии на познатите, богатите и славните личности почнала да работи пред десет години.
Алисон ја издала книгата Confidentina во која во 2007 година објавила над стотина лажни фотографии. Тогаш сите ја нарекле мајстор за манипулации.
Алисон со своите фотографии ги воодушевува корисниците на социјалните мрежи, па бројот на обожаватели во последно време вртоглаво се има зголемено. Најмногу прав се дигна од фотографиите на лицата кои личат на Доналд Трамп со лажната мисица од Мексико, потоа како американскиот претседател „твита“ додека е во тоалет, дека Меган обожава да игра тенис во мини фустан и дека принцот Вилијам прави селфи додека неговата сопруга се породува.
Текстот (Фото) Уметница објавува контроверзни портрети од двојници на кралското семејство е превземен од Reporter.mk.