Водата во каналите во Венеција се разбистри, откако на туристите им беше забрането да шетаат и целиот град беше ставен во карантин. Додека коронавирусот продолжи да го обзема светот, пандемијата донесе неочекувани ефекти.
Улиците низ цела Италија се празни, а Венецеија беше еден од најпосетуваните туристички градови во цела Европа. Секоја година ова место беше преполно со туристи. Сега тамошните жители велат дека водата е чиста.
Се гледаат цели јата риби низ градските канали.
„Останете дома, природата се заблагодарува“, напиша локалната жителка Марија Ланаро на Инстаграм.
Од кабинетот на градоначалникот на Венеција велат дека водите изгледаат прочистено од друга причина.
„Водата изгледа побистро бидејќи има помалку сообраќај во каналите, што овозможува талогот да остане на дното. Квалитетот на водата можеби не е подобрен, но дефинитивно има помало загадување на воздухот“, изјави портпаролот на градот.
Текстот (Фото) Водата во каналите во Венеција се разбистри е превземен од Reporter.mk.