(Фото) Вработена во општина решава крстозбор додека десетици луѓе ја чекаат на шалтер

Фотографијата што се рашири по социјалните мрежи во Србија предизвика бес и полемика во јавноста. На истата жена вработена во администрација во општината во Ваљево, Србија, решава крстозбор за време на своето работно време.

Луѓето на „Фејсбук“ тврдат дека жената била фотографирана додека на шалтерот чекале да завршат работа повеќе од 100 луѓе.

„Ова е сликано во оштината. Госпоѓата решава крстозбор, додека на шалтерот, каде што  треба да биде, чекаа повеќе од десетици луѓе. Па барем сокријте ја да не ја гледаме“, биле некои од коментарите на гневните граѓани.

Некои сметале дека жената го користела своето слободно време и дека била на пауза.

„Можеби жената била на пауза. Дали сте сигурни дека ова не е фотографирано за време на пауза“, биле некои од коментарите под фотографијата.

 

 

Текстот (Фото) Вработена во општина решава крстозбор додека десетици луѓе ја чекаат на шалтер е превземен од Reporter.mk.