Студениот бран кој го зафати поголемиот дел од Америка предизвика страшни последици за поголемиот дел од животинскиот свет на овие простори. Во Северна Каролина, голем дел од Американците биле сведоци на замрзнати алигатори во водите, но добрата вест е што ќе можат да преживеат без некакви потешкотии по нивното здравје.
„Сликата е застрашувачка. Устата и горниот де од телото буквално им се заковани во лед“, велат службите од националните паркови и оние кои имале можност да ја видат оваа застрашувачка слика.
Фотографиите од замрзнатите алигатори, биле објавени на социјалнтие мрежи од страна на одговорните служби од „Паркот на мочуриштето Реци Шалот“.
Службите во овој парк им овозможуваат на граѓаните да се качуваат со сајли и да пловат со чамци низ мочуриштето. Од таму велат дека најголемиот број туристи доаѓаат во овој парк за да ги видат алигаторите. Досега се забележани 18 замрзнати алигатори.
„На ладнокрвните алигатори обично им е неопходна надворешна топлина за да бидат активни, но природата се погрижила за да можат да се изборат и со студот“, велат одговорните лица во паркот.
„Кога водата ќе почне да замрзнува, алигаторите нуркаат наопаку. И на тој начин можат да дишат“, се наведува на сајтот на паркот.
Алигаторите на тој начин спијат, а функционирањето на организмите им е сведено на минимум. На тој начин долго време можат да издржат без храна.
Текстот (Фото) Замрзнати алигатори пловат низ мочуриштата во САД е превземен од Reporter.mk.