Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов“во Скопје, во населбата Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на култното дело на писателката Оливера Николова.
Продуцент на серијата е Роберт Насков, кој вели дека верува дека ова ќе биде серија која ќе ја сакаат децата.„Верувам дека спојот на она што мојата генерација го наследи од генерацијата на нашите родители ќе успееме да го пренесеме на нашите деца. Зоки Поки носи покрај забавен карактер и една длабоко хумана порака.
Преточена во модерен јазик мислам дека една серија со приказни од животот на ова момче може да фрли едно топло светло врз телевизиската програма”, рече режисерот на серијалот, Александар Поповски.
ТВ серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ, а e во продукција на Кино Око. Предвидено е снимање на десет епизоди .
Текстот (Фото) Започна снимањето на серијата „Зоки Поки“ е превземен од Reporter.mk.