Астрономите од опсерваторијата „Џемини“ на Хаваите велат дека успеале да ја снимат втората Месечина на Земјата. Тие користејќи го телескопот „Џемини норт“, ги направиле првите фотографии од новиот земјин сателит.
Оваа слика е комбинација од три одоени фотографии, направени со помош на три различни филтери за снимање на земјиниот нов природен сателит.
„Добивањето на слика беше тешка задача за тимот на „Близнаците“, затоа што објектот станува се потежок, како ја одминува Земјата“, објаснуваат астрономите од опсерваторијата „Џемини“.
Еден од астрономите Џон Блејкли, вели дека CD32020, најверојатно засекогаш ќе не напушти во месец апри.
„Очекуваме дека ќе наидеме на повеќе вакви објекти, откако опсерваторијата „Рубин“, ќе стане оперативна“, изјавил Григориј Федорец, еден од главните астрономи во „Џемини“.
Федорец мислел на опсерваторијата „Вера Ц. Рубин“, чија единствена цел е да го пребарува небото, со надеж дека ќе пронајде некакви слични непознати објекти.
Текстот (Фото) Земјата доби нова Месечина е превземен од Reporter.mk.