Франција воведува нови закони и правила за корисниците на електричните тротинети, се со цел да им го врати „мирот“ на пешаците. Новите закони стигнуваат по серијата бројни инциденти, па и смртни случаи, кои се предизвикани благодарение на ова превозно средство.
Од денес, возачите на тротинет ќе мора да имаат најмалку 12 години и нема да можат тротинетот да го возат на тротоар. А до јули наредната година ќе биде ограничена и брзината, односно нема да може да надминува 25 километри на час, пренесува „Би-Би-Си“.
Францускиот министер за сообраќај Жан Баптист Џебари навел во соопштението дека целта на новите правила е да поттикне одговорност во употребата на ова превозно сретство и да им се врати „мирот“ на пешаците, пред се на оние најранливите, старите, децата и лицата со инвалидитет.
Новите правила подразбираат дека возењето на плочник, ќе биде дозволено само во одредени места. Само едно лице ќе може да го вози тротинетот и нема да биде дозволена употреба на мобилни телефони или слушалки за време на возењето.
Секое кршење на правилата повлекува казна од 135 до 1500 евра. Иако електричните тротинети се попуарни во Франција, поради практичноста, но и поради еколошките функции, сепак проблем настанува со големиот број инциденти кои се случија особено во изминатиот период.
Текстот Франција воведува нови закони за електричните тротинети е превземен од Reporter.mk.