Француски архитекти расправаат околу идеите за новиот изглед на Катедралата Нотр Дам во Париз, пишуваат француските медиуми. Катедралата изгоре во април и остана без врвот на кулата, кровот и голем број артефакти кои се наоѓале во неа.
„Во моментов се преговара како ќе биде новиот изглед. Работите не се одвиваат според планот“, велат извор блиски до надлежните архитекти за реконструкцијата на Нотр Дам.
Францускиот генерал Жан Луј Жорзелан кој е задолжен за надгледување на работите на реконструкцијата, не е во најдобри односи со главниот архитект Филип Вилно.
„Генералот во еден момент му порача на главниот архитект дека подобро е да не зборува многу и да ја затвори устата“, вели извор кој бил сведок на нивната меѓусебна расправија.
Жан и Винло не се согласуваат околу тоа дали новиот врв на кулата на катедралата треба да биде модерен или со средновековен изглед, пренесува „Би-Би-Си“.
Францускиот претседател Емануел Макрон постави рок од пет години за обнова на француската катедрала. Многу експерти предупредуваат дека неговата цел е премногу амбициозна.
Голем број архитекти во Франција претходно излегоа со изјави дека единствен начин за обнова на кулата е ако изгледот биде реплика на оној кога изгоре во пожарот. И генералот и претседателот сметаат дека врвот на кулата требало да има современ изглед.
Текстот Французите се поделени околу новиот изглед на кулата на Нотр Дам е превземен од Reporter.mk.