Фрлиле милијарда на метропола, која сега изгледа како град на духови
Огромен град изграден со небодери среде пустина, изгледа како сцена од некој научно фантастиен филм. Градот Пардис е оддалечен 50 километри од главниот град на Иран, Техеран и изгледа безживотно.
Во градот не живее никој. Нема автомобили, нема паркови, само високи згради, солитери. Сето тоа потсетува на пропадната земја чија идеја за еднаков свет, многу брзо се претворил во свет на корупција, кој земјата ја потиснал во уште подлабока криза.
Градот Пардис е дел од проектот „Мехра Мер“, кој во 2010 година почнал да го гради компанијата „Кузу груп“. Како и кај многу слични градежни проекти, работите не се одвивале по зацртаниот план.
Дел од градот и понатаму изгледа како град на духови, а требало да биде круна на владеењето на владетелот Махмуд Ахмадинеџад, кој многумина го препознаваат како херој на сиромашните.
Планот било да се изгради нова урбана заедница која би била поврзана со јавен градски превоз. Би имала болници, школи и паркови во овој сиромашен дел од земјата.
Малку се размислувало за природните можности и еколошки услови, па набрзо сватиле дека тие 200.000 луѓе колку било планирано на почетокот да живеат, немаат пристап до вода, греење или канализациски систем.
Градењето почнало во моменти кога земјата економски стагнирала, владеела и голема инфлација, па овој проект е бил запрен за време на изградбата.
„Изминатите години низа на вакви стамбени заедници се изградени ширум Иран. Милијарди се потрошени за да се изградат нови градови и 1,5 милиони стамбени едници. Целта на овој проект била да се растеретат големите градови, во кои животните стандарди станувале се полоши, благодарение на инфраструктурните проблеми, сообраќајот, загадувањето и високите цени на изнајмување станови“, вели фотографот Маноло Еспалиу.
Небодерите биле наменети за сиромашните, но поради кризата останале празни. Луѓето и понатаму не можат да си ги дозволат. Системот им понудил на изведувачите бесплатна државна земја, за да изградат прифатливи станови.
Повеќето граѓани добиле помали кредити во банка, а оние кои се пријавиле за овој проект, државата им осигурала 99. годишна хипотека. Банките се пронашле како посредници меѓу изведувачите на работата и државата, а на централната банка им било наредено да отпечати повеќе пари за да ја плати ваквата шема.
И додека еден дел од градот наречен „Фаза 11“ е целосно празна, живот има во деловите кои се во близина на центарот на градот, од „Фаза 1“ до „Фаза 3“. Во овие згради, во големите блокови на солитерот живеат работници, конзервативни семејства од сиромашните делови на Техеран и блиските села.
Повеќето луѓе се од средната класа, луѓе кои од Техеран се преселиле во Пардис во потрага по посвеж воздух. Тие ги чинат 90% од популацијата во овој град, во кој живеат нешто повеќе од 70.000 луѓе.
Фрлиле милијарда на метропола, која сега изгледа како град на духови was last modified: June 17th, 2019 by Љубисав Владимиров