Фудбалер на Манчестер Јунајтед плати 70.000 евра за лечење на дете со тумор

Судбината на четиригодишното момче Душан Тодоровиќ кој поради тумор се најде на работ на смртта е една од главните теми во Србија. Душан боледува од тумор на надбубрежната жлезда, а лекарите му прогнозирале само уште неколку дена живот, доколку не замине на лечење во клиниката „Санд Јоан де Деу“ во Барселона.

Неговите родители не можеа да ја платат сметката од 200.000 евра за лечење, па голем број на граѓани ја покажаа својата хуманост и учествуваа со свој допринес. Анонимен донатор на сметката за Душан уплатил 70.000 евра.

Александар Тодоровиќ, таткото на Душан, за медиумите откри дека се работи за славниот српски фудбалер и ѕвездата на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ.

„Во прашање е Немања Матиќ, кој му се заблагодарувам од се срце. Се разбира им се заблагодарувам на сите од срце кој на каков било начин беа со нас. Нашиот Дуки ги обедини луѓето, го спои неспоивото. Драги луѓе, исти, слични, различни, фала ви за се“, изјавил Александар Тодоровиќ.

Матиќ парите одлучил да ги уплати анонимно на сметка на клинката, но до проблем дошло откако фудбалерот парите ги уплатил во сабота, па се покажало дека средствата на сметка на болницата ќе легнат дури до понеделник. Матиќ повторно ги земал работите во свои раце и покажал дека е голем човек.

„Немања проблемот не го прими со скрстени раце, туку веднаш проба да го реши. Со своето име, авторитет и голема плата, ѕвездата на Манчестер гарантираше дека парите ќе бидат уплатени и ќе им излезе во пресрет“, раскажал пријател на Матиќ.

Благодарение на него и луѓето кои помогнале, малиот Душан во моментов се наоѓа на лечење во Барселона.

 

 

 

 

Текстот Фудбалер на Манчестер Јунајтед плати 70.000 евра за лечење на дете со тумор е превземен од Reporter.mk.