Фудбалерот Фалкао е десет пати помлад од годините кои ги има

Лекарите на турскиот клуб Галатасарај, по направените лекарски прегледи и анализа на организмот на новото засилување Радамел Фалкао, соопштиле дека фудбалерот има тело десет години помладо од годините кои ги има.

Турскиот весник „ФотоМак“ ја објавил анализата на неговиот организам и од таму тврдат дека Фалкао на метаболичко ниво има организам на 22 годишен човек, иако тој има 33 години.

Ваквата проценка ја изнеле на основа на резултатите од медицинските тестови на Колумбиецот, по доаѓањето во Турција. Како еден од доказите е наведено избалансираноста на пропорциите на телото и состојбата на внатрешните органи.

Мускулното тикво е во одлична состојба, а клетките на Фалкао се доволно снабдени со вода, па навивачите на Галатасарај со нетрпение го очекуваат на теренот и да видат што силното засилување може да им донесе во лигата, пренесуваат турските медиуми.

Фалкао дојде од Монако и сите очекуваат голови од него и да им ја донесе титулата во домашното првенство, како и тоа да стигнат колку е можно подалеку во Европските натпреварувања.

Првата можност Фалкао да ги покаже своите фудбалски квалитети ќе ги има уште овој викенд против екипата на Кашимпаша во четвртото коло во турската суперлига.

 

 

Текстот Фудбалерот Фалкао е десет пати помлад од годините кои ги има е превземен од Reporter.mk.