Црн волнен фустан со ролка на холивудската легенда Мерилин Монро ставен e на аукција. Аукциската куќа Крас ГВС очекува фустанот да достигне цена меѓу 100.000 и 150.000 долари. Аукцијата ќе се одржи на 30 март.
Мерилин фустанот го носела на прес-конференција во 1954 година кога го најави разводот од бејзбол-играчот Џо Димаџио, помалку од една година по венчавката. Глумицата како причина за разводот наведе „психичко тормозење“.
Љубавното писмо што Димаџио ѝ го напишал на Монро по конференцијата беше продадено на аукција во 2014 година за 78.125 долари.
Текстот Фустан на Мерилин Монро ставен на аукција е превземен од Reporter.mk.