Некои фустани и костуми подобро ги памтиме од репликите, дијалозите или самите приказни во филмот. Токму тие испишаа историја во филмската костимографија
Теда Бара, Клеопатра (1917)
Во оваа историска драма, во немиот филм, Тера ја глуми господарката Нила. Овој костим на Џорџ Џемјс Хопкинс предизвика голема бука, што поради килограмите на главната глумица (затоа што непосредно пред снимањето се здебелила), така и поради едвај покриените гради.
Елизабет Тејлор, Клеопатра (1963)
Најскапиот филм во тоа време не штедеше за костимот на Елизабет Тејлор. Раскошните креации во бојата на златото, никој не би можел подобро да ги изнесе од неа самата.
Џин Харлоу, Вечера во 8 (1933)
Белиот сатенски фустан со длабок израз ја следи линијата на телото на оваа глумица. Таа во филмот ја игра полудената Кити, која притоа ретко носи градник на сетовите. Правилото било едноставно: доколку тој лесен материјал се лизга од нејзините раменици – сцената се снимала повторно.
Скарлет О’ Хара, Однесено со виорот (1939)
Кој може да ја заборави сцената кога Скарлет одлучно ја спушта завесата со намера од неа да направи фустан?
Џуди Гарланд, Волшебникот од Оз (1939)
Истата таа година во кината доаѓа и „Волшебникот од Оз“ и уште црвените чевли со светки, со кои Дороти тропа кога ќе посака да се врати дома. Не смееме да заборавиме ни на нејзиниот фустан, под кој се крие оној грозен корсет којшто Дороти морала да го носи, заедно со јаката и слоевитата шминк, а сето тоа како би ја прикрила својата тогашна 16 годишна возраст затоа што глумеше девојче од само 12 години.
Рита Хејвуд, Гилда (1946)
Со корсетот се бореше и тогаш бремената Рита како Гилда од истоимениот фил, затоа што креацијата инспирирана од портретот на Мадам Икс (Portrait of Madame X, John Singer Sargent) беше всушност многу тесен црн сатенски фустан со долги ракави.
Хеди Ламар, Самсон и Далила (1949)
Уште еден во низата на историски парчиња кои ги носела Хеди како Далила на Самсон. Фустанот кој беше богато украсен со пердуви од паун изгледа навистина Библиски.
Грејс Кели, Поглед низ прозорецот (1954)
Музата на Хичкок, Грејс Кели, според него требала да изгледа како кинески порцелан, значи нешто недопирливо. И така е, секоја нова сцена значеше нова, поинаква креација која ја нагласува нејзината кревка фигура и бледиот тен.
Мерилин Монро, Седум години верност (1955)
Дали познавате некој кој не го знае „малиот бел фустан“ кого Мерилин го носеше кога прошета покрај вентилациониот отвор на улица.
Одри Хепберн, Појадок кај Тифани (1961)
Кој може да го заборави оној „мал црн фустан“, кого Одри го носеше додека шеташе покрај излогот на куќата Тифани.
Бони и Клајд, 1967
Никако не смееме да заборавиме на најстилскиот пар „негативци“ – Бони и Клајд. Поддршката не им изостана ни од Академијата, затоа што следеше потврда во вид на номинација за најдобра костимографија.
Ричард Гир, Американски жиголо (1980)
Покрај костимот на Клајд, не можеме да го прежалиме ни оној костим од Армани кој го носеше Ричард. Не нè разочара ни во филмот за згодната жена, но тука сепак останува во сенка она парче кое го носеше неговата партнерка Џулија. Патот од (буквално) уличната мода до онаа високата на висока нога, ја крунисаше со црвен фустан во облик на сирена со спуштени рамења, со прикладен „скромен“ аксесоар.
Џулија Робертс, Убава жена (1990)
Џулија Ормонд, Сабрина (1995)
И каков би била таа листа на фустани од филмското платно доколку нема барем малку француски шик или вегашки гламур. За тоа се погрижи шармантната Сабрина од истоимениот филм, односно гламурозната и секси Џинџер.
Никол Кидман, Мулен Руж (2001)
Љубовта и љубомората нацртани преку сите нијанси на црвените, украсени светла и додатоците кои потсетуваат на среќа.
Ѓаволот носи Прада (2006)
На листата се најде и самиот ѓавол, кој секако, уредно носи Прада. Како само да издвоиме еден или неколку парчиња од ова остварување? Ѓаволот не доаѓа само во едно издание. Сепак, неодоливата форма на малиот црн фустан и во оваа приказна доаѓа до израз.
Кирстен Данст, Марија Антоанета (2006)
Уште едно спектакуларно историско издание кое го покажува сиот раскош во дворецот на Марија Антоанета, но исто таква е и драмата која ја прати.
Кира Најтли, Покајување (2007)
Во овој филм се заљубивме во прекрасниот смарагднозелен фустан кого го носеше витката Кира Најтли (кој друг би можел на овој начин на го носи тој фустан). Креацијата која се нагласува со секој нејзин чекор низ долгите простории е триумф и за костимографијата и за сценографијата и филмот.
Колин Фирт, Самец (2009)
Уште еден маж, односно неговиот костим се најде на оваа листа. Тоа е Самецот кој не облекува ни помалку ни повеќе туку Том Форд.
Треба да напоменеме дека работата на Форд поприма една целокупна форма во неговиот филм за ноќните ѕверови.
Сексот и градот (2008)
Електричниот стил на Кери Бредшо и девојките од Њујорк доаѓа конечно и на големите платна. Уличниот стил ѝ должи многу на оваа модна икона, односно икони, кои заслужуваат листа само за себе.
Веќе во воведната сцена Кери ни дава до знаење дека не чека незаборавно модно искуство.
Кира Најтли, Ана Каренина (2012)
Во 2012 ни доаѓа повторно вечната Ана Каренина во фустаните на коишто Толстој им посветил толку време и хартија. Конечно добија заслужна веродостојна верзија.
Ајла Фишер и Леонардо Ди Каприо, Големиот Гетсби (2013)
Нè воодушеви овој гламурозен и шик Гетсби кој во секој костим и во секој детаљ ја пренесува дадената ера.
Кејт Бланшет, Несреќната Џасмин (2013)
Носи фустани кои ги потпишале најголемите дизајнери на денешницата, како и најгламурозниот накит, но е несреќна со големо Н.
Не прават истите ствари и на платното и во животот.
Леа Седу и Даниел Крејг, Спектра (2015)
Треба секако да се спомне и неповторливиот агент 007, како и неговиот еднакво популарниот стил на облекување чија кулминација достига со Даниел Крејг во продолжениот Спектра во 2015 година.
Текстот Фустани што ја сменија историјата на филмот е превземен од Reporter.mk.