Во Македонија пред два дена се одржа првата трка со мотори , наречена „Ендуро Кросс“. На трката учествуваа 63 возачи од цела земја. Ја следеа повеќе од 1500 посетители и беше вистински адреналин за љубителите на моторите. Победникот беше избран врз база на елиминации, односно стартуваа по 4 возачи, а од нив само двајца одеа во следниот круг до финалето каде останаа само четворица.
Победници се: Христиан Станковиќ, кој го освои првото место, потоа втор беше Јован Јовановски, на третото место се пласираше Дардан Дехари, а четврт пак Павел Ивановски.
„Станува збор за прва трка од овој тип во нашата држава која ја организира нашиот клуб. Изненадени сме од интересот на возачите и огромниот број на посетители. Имаше неколку пропусти, но во целина трката помина одлично и што е најважно за нас како организатори немаше ниту еден инцидент, ниту повреда на возачите. На патеката се работеше повеќе од еден месец.
Се работи за патека која бара многу техника и вештина од возачите, и искрено бев изненаден од одличното возење на натпреварувачите. Во план е до крајот на оваа година да се оддржи уште еден ваков настан, а се надеваме во иднина и да имаме шампионат во Ендуро Кросс.” -изјави за „Репортер“ органзаторот Владимир Димов. Трката беше во организација на МК Ендуро Тим Водно.
Текстот (Галерија) Адреналин и брзина-лудо возење на првата македонска моторџиска трка е превземен од Reporter.mk.