Стотици маскирани деца продефилираа денеска на плоштадот во центарот на Скопје по повод Денот на шегата 1 април, пренесе Макфакс. Кловнови, пеперутки, принцези, доктори, самовили, ликови од цртани филмови и секакви креативни маски можеа да се видат во центарот на градот каде децата учествуваа на големото и весело дефиле на маски. Освен музика и забава, за децата беа организирани и едукативни работилници.
Манифестацијата оваа година се одржа под мотото „Скопје се смее“. Свои настапи имаа и децата со Даунов синдром заедно со ученици од основни и средни училишта. На маскенбалот на плоштадот присуствуваше и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој на големиот број маскирани деца им посака добра забава. Децата ги забавуваа Александар Митевски и Бени Шаќири.
Текстот (Галерија) Денот на шегата го разигра плоштадот во Скопје е превземен од Reporter.mk.