Многу родители ширум светот вложуваат многу труд во текот на подготовката на здрави оброци кои на децата им изгледаат примамливо. Но, мајка од Јапонија, Етони Мама, е мајстор за обликување на храна која изгледа како ликови од цртаните филмови.
Иако се работи за различни состојки, Етони е особено талентирана во претворањето на пржени јајца во сите врсти на слатки ликови. Од Вини Пу до Пикачу, Етони може да го направи било кој лик на пржените јајца.
Жолчките ѝ служат како совршен дел од лицето или телото, додека останатите состојки внимателно распоредени претставуваат коса и црти на лицето. Некои јадења содржат дури и парчиња шунка, сирење или зеленчук како би ја надополниле сликата. Без разлика на дизајнот, секој креативен оброк изгледа премногу симпатично и примамливо.
Погледнете некои од нејзините неверојатни оброци во продолжение:
Текстот (Галерија) Јапонка прави цртани ликови од пржени јајца е превземен од Reporter.mk.