(Галерија) Ќерката на австралискиот зоолог Стив Ирвин се вери во Зоолошката на татко ѝ

Ќерката на славниот ловек на крокодили, покојниот австралиски зоолог Стив Ирвин, Бинди, се вери на својот 21. роденден, во зоолошката градина во која нејзиниот татко беше директор.

Бинди вели дека е среќна со своето момче со кое планира да го помине остатокот од животот. Таа вели дека и нејзиниот татко би бил среќен што успеала да го најде вистинскиот маж за неа. Двајцата се имаат запознато во зоолошката градина која порано ја раководел нејзиниот татко.

„На мојот роденден ѝ кажав ‘да’  на мојата вечна љубов. Чендлер, се заљубив во тебе пред шест години и од тогаш секој ден беше авантура и вистинска среќа за мене“, напишала Бинди на „Твитер“, каде ја објавила среќната вест.

Стив трагично загина пред 13 години, додека ја снимаше серијата „Најопасни животни во океанот“. Додека нуркал, на Стив му бил нанесен смртоносниот убод во срцето. Тој починал на лице место. Бинди имала само осум години.

Семејството на покојниот австралиски „ловец на крокодили“ и борец за заштита на природата ќе продолжи по неговите стапки. Ќе се снима и нов документарен телевизиски серијал кој ќе биде посветен за борба за зачувување на флората и фауната.

„Ќе продолжиме по стапките на тато и сè што ќе правиме во нашата зоолошка ќе биде во рамки на проектот Wildlife Warriors точно она што тој и го започна“, изјавила Бинди за „Ројтерс“.

 

 

 

Текстот (Галерија) Ќерката на австралискиот зоолог Стив Ирвин се вери во Зоолошката на татко ѝ е превземен од Reporter.mk.