Магазинот „Спортс илустрејтед“, кој е познат по разголемите и провокативни насловни страници и едиторијали, во мајскиот број на својата насловна првпат стави девојка со бурка. За магазинот со бурка се сликаше сомалиско-американската манекенка Халима Аден. Халима е родена во Каукма, бегалски камп во Кенија, а во САД се преселила пред 15 години. Таа го привлече вниманието на светската јавност во октомври 2016 година, кога стана првата Мис на Минесота која се натпреварувала во хиџаб и бурка.
„’Спортс илустрејтед’ е доказ дека девојка која носи танга бикини може да биде покрај девојка која е облечена во бурка. Ние жените можеме да бидеме една покрај друга, можеме една на друга да си бидеме најголема поддршка“, рекла таа во интервјуто во емисијата „Добро утро Америка“, каде што ја коментирала насловната страница сликана во Кенија.
Во утринската програма гостин бил и уредникот на „Спортс илустрејтед“, Ем Џеј Деј, кој рекол дека ова издание на магазинот е едно од најзначајните досега.
„Веруваме дека убавината не познава граници. Ѝ се восхитувам на Халима и мислам дека нејзината работа е многу инспиративна. Таа е прекрасна, не само однадвор, туку и однатре. Кога се запознавме ме освои со својата интелигенција, ентузијазам и автентичност“, рекол тој.
Текстот (Галерија) Манекенка со бурка првпат на насловната на „Спортс илустрејтед“ е превземен од Reporter.mk.