(Галерија) Најневообичаена божиќна елка накитена на аеродром во Литванија

Вработените во аеродромот во градот Вилниус во Литванија, направија необична божиќна елка, од ножеви, ножици, скалпери и разни други опасни предмети, кои им ги земале на патниците пред да се качат на авион, поради безбедни прични. Преку елката тие велат дека сакале да испратат порака, за безбедноста при летањето.

Елката е висока 1,5 метри, а на неа вработените на аеродромот работеле повеќе од две недели, пренесува „Би-би-си“. Предметите ги обиле со зелена боја и ја поставиле на средишниот дел од аеродромот.

 

Вработените на аеродромот објасниле дека како декорација при китењето употребиле предмети чие носење е забрането на аеродром и кој им се одземени на патниците за време на прегледот.

„Ако не сакате вашите приватни предмети следната година завршат на нашата божиќна елка, пред летот, проверете што носите во вашите џебови и багаж“, стои во соопштението на безбедносните служби на аеродромот, на кој во 2019 година поминале повеќе од 4,6 милиони патници.

Текстот (Галерија) Најневообичаена божиќна елка накитена на аеродром во Литванија е превземен од Reporter.mk.