Секоја сезона се појавува барем еден моден тренд или одредено парче облека што им се допаѓа на трендсетерките. Оваа пролет, тоа е јакната од фланел.
View this post on Instagram
Still one of the best jackets (gifted from @theoutnet, jeans also gifted)
Дали се сеќавате на предимензионалните карирани јакни од фланел кои некогаш ги носеа нашите татковци и мајки? Овие јакни беа еден од симболите на 90-тите кои се враќаат на модната сцена.
Прво модната куќа Клои го лансираше моделот од 1.800 евра, а потоа сите попристапни брендови во склоп на пролетната колекција ја претставија карираната јакна, чија цена изнесува околу 50 евра.
Трендсетерките се воодушевени од ова парче со ефектен и тренд принт, како и ретро изглед.
Одлична вест е што овој модел стои со апсолутно сè што имате во плакарот – од спортска до елегантна варијанта, а покрај тоа е неодоливо мека и топла.
Текстот (Галерија) Најпопуларната јакна од 90-те пак е во мода е превземен од Reporter.mk.