Вчера децата на вработените во Пракинзи во општина Центар (ПОЦ) добија пакетчиња од Дедо Мраз, откако тој со колата крената на пајакот пристигна кај нив.
Дедо Мраз со пајакот кој беше накитен да личи на ирвас сосе многу бални на колата беше атракција за децата, па вработените на ПОЦ се пофалија на официјалнта Фејсбук страна.
„Дедо Мраз со својот специјален „ирвас“ им донесе многу насмевки, радост и среќа на дечињата на вработените во ЈП ПОЦ. Ти благодариме Дедо Мраз и те чекаме наредната година пак да дојдеш кај нас“, велат од ПОЦ.
Текстот (Галерија) Пајакот му ја крена колата на скопскиот Дедо Мраз е превземен од Reporter.mk.